Вести Македонија Топ вести

Давкова-Јотова: Дијалогот за отворените прашања треба да продолжи

На маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Софија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со бугарската претседателка Илијана Јотова. Во фокусот на разговорите беа актуелните прашања во билатералните односи и македонскиот евроинтегративен процес.

Соговорничките разменија ставови за можните решенија за отпочнување на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, при што беа изнесени различни гледишта околу надминувањето на постојните предизвици.

Давкова ја нагласи потребата од поголема соработка меѓу образовните, научните и културните институции, како и меѓу граѓанските организации, со цел надминување на предрасудите и градење меѓусебно разбирање.

Таа ја потенцираше и важноста од спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права, додека двете претседателки се согласија дека дијалогот за отворените прашања треба да продолжи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи – Временска прогноза за 12.6.2026

meteo

Трамп: Ја сакам инфлацијата

Kristina Kuzmanovski

Вучиќ најави можна оставка и нови политички потези

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе