Вести Свет Топ вести

Пет земји на ЕУ бараат да се ограничи правото на глас на идните членки

Германија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург предлагаат Европската Унија да размисли за привремено ограничување на некои права на глас на идните членки, како и за воведување посилни механизми за заштита на владеењето на правото, објавува Ројтерс.

Со оглед на тоа што Црна Гора се надева дека ќе се приклучи на ЕУ во 2028 година, а Албанија, Украина и Молдавија се залагаат за напредок во нивните кандидатури за пристапување, во тек се дискусии меѓу европските влади за тоа дали правилата за новите членки треба да се променат.

Документот ги наведува можните опции што треба да се вклучат во идните договори за пристапување, како што се нов механизам за следење и заштитна клаузула што би овозможила реакција во случај на сериозни застои во области како што се демократијата и слободата на медиумите.

ЕУ треба да спроведе длабинска дискусија за можноста за привремени, преодни ограничувања на правата на глас за новите земји-членки, особено во делови од acquis на ЕУ каде што е потребна едногласност, се вели во документот.

Потписниците се повикуваат на одлуките за проширување, надворешна политика и буџетот на Унијата, за кои во моментов е потребна согласност од сите земји-членки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Очекувам да продолжите со инвестициите што ќе значат подигнување на квалитетот на услугата“, вели Ацо Ристов, претседател на РКЕ

meteo

Муцунски во Софија: Проширувањето претставува стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа

meteo

(Фото) Улица во Хаг цела во портокалова боја додека возбудата во Холандија расте за Светското првенство

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе