Вести Македонија Топ вести

Завршува учебната, основците и средношколците одат на летен распуст

За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2025/2026 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст.

За  повеќе од 14 500 матуранти наставата заврши на 15 мај, а утре оние што се пријавени за државна матура ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик (македонски, албански, турски или српски), а кандидатите за државна стручна и за државна уметничка матура ќе го полагаат на 12 јуни. Првиот дел изборниот екстерен предмет матуранти го полагаа на 6 јуни.

Од вкупно пријавени 14 587 ученици за полагање на матурата,  12 184 се пријавиле да полагаат државна матура, 2276 ученици за државна стручна матура и 127 се пријавени за државна уметничка матура.

Полуматурантите, пак, овој месец треба да се запишуваат во прва година средно образование. Учениците ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата во кои ќе конкурираат ќе ја доставуваат потребната документација.

Во јуни ќе има две електронски пријавувања на учениците. Според Конкурсот на МОН, првото ќе биде од 00:00 часот на 12 јуни до 23:59 часот на 15 јуни, а второто пријавување во јунскиот рок ќе се врши на 23 јуни. Во августовскиот уписен рок ќе има едно пријавување – на 20 август.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Очекувам да продолжите со инвестициите што ќе значат подигнување на квалитетот на услугата“, вели Ацо Ристов, претседател на РКЕ

meteo

Муцунски во Софија: Проширувањето претставува стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа

meteo

(Фото) Улица во Хаг цела во портокалова боја додека возбудата во Холандија расте за Светското првенство

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе