Вести Свет Топ вести

Членка на ЕУ стави вето на монетата од 2 евра на Бугарија

Kомеморативна монета од 2 евра во Бугарија, посветена на бугарската азбука, е блокирана по приговор од неидентификувана земја-членка на ЕУ, според документите што циркулираат во Советот на ЕУ, објави Новините.

Монетета иако е со планиран тираж од еден милион парчиња, сега е блокирана и не може да продолжи во својата сегашна форма без целосно одобрение од институциите на ЕУ.

Одлуката произлезе откако Бугарија го поднесе дизајнот на 19 мај 2026 година, според документот на Советот бр. 9435/26. Дополнителен документ од 29 мај 2026 година потврди дека една земја од еврозоната формално се спротивставила, иако нејзиниот идентитет беше редактиран во јавно достапната верзија како „избришан“.

Ниту едно официјално издание на ЕУ не открива која држава го поднела приговорот или образложението зад него.

Во јавно достапниот документ, името е редигирано и во моментов нема текст на Советот што ја открива земјата“, вели Цвета Кирилова од здружението „Азбукари“, кое прво го откри случајот.

Неофицијални, онлајн дискусиите силно укажуваат на Словачка, пренесе eualive.net. Словачка претходно издаде свои евромонети со ликот на Светите Кирил и Методиј

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Очекувам да продолжите со инвестициите што ќе значат подигнување на квалитетот на услугата“, вели Ацо Ристов, претседател на РКЕ

meteo

Муцунски во Софија: Проширувањето претставува стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа

meteo

(Фото) Улица во Хаг цела во портокалова боја додека возбудата во Холандија расте за Светското првенство

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе