Партијата на премиерот Албин Курти освои најмногу гласови на предвремените парламентарни избори во Косово во неделата, покажаа првичните резултати.
Но, останува нејасно дали исходот ќе стави крај на политичкиот ќорсокак во земјата која се стреми кон приближување конЕвропската Унија и НАТО.
Обраќајќи се пред толпата, Курти рече: „Ова е уште една потврда дека барем оваа деценија, а верувам и многу повеќе од тоа – ќе биде под власта на движењето Ветевендосје“.
–Драги граѓани, ова е уште една потврда дека барем оваа деценија, а верувам и многу повеќе од тоа, ќе биде под власта на движењето „Самоопределување“(Ветевендосје). Затоа, дури и на овие петти парламентарни избори за помалку од седум години, се докажа дека сите се натпреваруваат, мнозинството гласа и ние победуваме, кажа Курти.
