Вести Македонија

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Финансиска помош или фаворизирање на даночни обврзници, се поставува прашањето за потегот на Општина Тетово која од парите на сите граѓани ќе и даде 18 илјади евра Исламска верска заедница- Муфтиство Тетово.

Оваа помош беше изгласана на седница на Советот, а следува откако ИВЗ на крајот на април поднела барање – Општина Тетово да им го врати износот од 1.144.484 денари, што го дале за да да го платат данокот на промет, по купување на недвижен имот  –  комплексот Арабати Баба Теќе.

Овој Комплекс со децении беше во сопственост на текстилниот комбинат Тетекс, а беше продаден на ИВЗ на почеток на годината.

На седницата на Советот иако дел од советниците укажаа на тоа дека не смее да се даваат пари од сите граѓани на верски заедници, мнозинство одлучи да изгласа одлука за еднократна финансиска помош од Општина Тетово за ИВЗ 1.144.484 денари или истиот износ што бил платен за данок на промет при купување на Арабати Баба Теќе.

„Да не ги трошиме парите на граѓаните, туку сите ние што сме тука дел од советот 31 советник и градоначалникот да ги дадеме нашите паушали градоначалникот ќе си ја донира својата плата и со тоа приближно можеби и повеќе ќе има од  таа сума што ја бара ИВЗ.  Eдно е некој доброволно да донира од сопствени средства, а сосема друго е советот да одлучува во име на сите граѓани“ – изјави советникот од Левица, Боби Илиевски.

За градоначачникот Касами најважно било да им се излезе во пресрет на барањето на ИВЗ дека овој објект во иднина ќе се користи за верски обреди и нема да економски карактер, иако е купен како недвижен имот од досегашниот сопственик текстилниот комбинат Тетекс.

„По закон ние не можеме да вратиме. Доделена е финансиска поддршка за да се покрие тоа што е платено, а не можат. Не важи тоа за секој граѓанин, затоа што по закон верските институции се ослободени за објекти кои се користат за верски цели“ – рече градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

Комплексот Арабати Баба Теќе е изграден во Османлискиот период. Од 1945 па се до 2001 година беше објект од културно наследство со музеј и угостителски-хотелски капацитети и немаше верски карактер.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со наградите за животно дело – започна 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Од 30-мината кои земале плата од ИЈЗ без да доаѓаат на работа, останале само уште двајца или тројца

Дејан Дејан

Над 14.500 ученици го започнаа полагањето на државната матура – учениците бираат меѓу странски јазик, математика или историја

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе