Вести Македонија Топ вести

Експертска група подготвува мерки за обнова на моликата на Пелистер

Експертска група започна со подготовка на програма за заштита и обнова на моликовите шуми на Пелистер. До крајот на август треба да изработи анализи и препораки што ќе бидат основа за идните мерки. Иницијативата следува по големите оштетувања што старата моликова шума ги претрпе минатата зима.

Почнува со работа експертската група која треба да подготви конкретни мерки за заштита, обнова и ревитализација на моликовите шуми во Националниот парк „Пелистер“. Тимот е составен од експерти по шумарство, екологија и заштита на природата, како и претставници на надлежни институции и јавни установи. Нивната задача е до крајот на август да изработат стручни анализи, заклучоци и насоки кои ќе послужат како основа за идните активности.

„Со овие програми ќе треба дополнително да се утврди здравствената состојба на моликовите насади, да се утврдата причините за сушењето и ослабувањето, кои се одгледувачките мерки, со каква динамика и во која временска рамка ќе треба да се применат со цел да имаме ситуација одржлива ревитализација во континуитет“, вели Иванчо Тошевски, директор на Националниот парк „Пелистер“.

Потребата од ваква координирана акција се наметна по сериозните оштетувања што ги претрпе старата моликова шума ланксата година, кога силните ветрови и обилните снежни врнежи урнаа и оштетија повеќе од илјада стебла. Експертите велат состојбата бара сериозен и научно заснован пристап.

„Се работи за специфична шума бидејќи никаде на Балканот нема шума од молика на толкави површини, па мора да се изготват студиите за да знаеме детално со што имаме работа за понатаму да можеме да преземеме конкретни мерки за подобрување и унапредување на ситуацијата“, вели Благој Шурбевски од Факултетот за шумарски науки при УКИМ.

По минатогодишното невреме на Пелистер, на околу 100 хектари беа спроведени одгледувачки мерки, а по расчистувањето на теренот веќе е забележан развој на нов подмладок. Од Националниот парк велат дека интервенциите создаадоа подобри услови за раст на моликата и обновување на шумскиот екосистем.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски го повика Путин на директни разговори за крај на војната – дојди слободно во Москва, одговори Кремљ

Igor Trajkov

(Видео)Мицкоски задоволен од средбата со Мерц на вториот ден од Самитот ЕУ–Западен Балкан

Tea Dimkovska

Пријателска средба со францускиот претседател – Мицкоски со Макрон во Тиват

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе