Во Скопје денеска се одржува првиот ИКТ форум Македонија–Грција, на кој учествуваат над 100 претставници од компании и институции од двете земји.
На настанот се разговара за соработка во областа на дигиталната трансформација, иновациите и развојот на ИКТ секторот, со очекување за конкретни проекти финансирани од европски средства.
Во рамки на форумот е најавено и потпишување меморандум за соработка меѓу МАСИТ и грчката ИКТ асоцијација СЕТПЕ.
Иднината на нашиот регион ќе биде изградена со соработка, иновација и доверба, а таа иднина започнува со разговори порача Јордан Димитриевски, претседател на МАСИТ.
Б.С.
