Вести Македонија Најважни

Пепелта од РЕК пак крева прашина, загадувањето недокажано

Од повеќе делови на Битола деновиве повторно беше видлив облак прашина од одлагалиштето за пепел во РЕК „Битола“. Од Комбинатот потврдуваат дека има непокриена пепел на површина од околу 100 квадратни метри, но велат дека тој простор е неопходен за одвивање на технолошкиот процес. Објаснуваат дека високите температури и ветерот може да доведат до сушење на површинскиот слој на пепелта, поради што при спуштање во касетата се разнесува низ воздухот.

„Заради силниот ветер присутен деновиве, на одлагалиштето за пепел само од местото каде што во моментот се одлагаше пепел, се забележа издигнување на истата. Веднаш е запрено со одлагањето и се пристапи кон дополнително покривање со земја на одложената пепел“, велат од РЕК.

Комбинатот врши мерења на штетните честички преку мерни станици поставени во три околни села, оддалечени неколку километри, но на   самото одлагалиште за пепел нема мерна станица. Последното вонредно мерење таму е  извршено во април лани од надворешна лабораторија и, според РЕК, не било утврдено загадување

„Согласно одредбите од А интегрираната еколошка дозвола наредното мерење на квалитетот на воздухот на одлагалиштето за пепел ќе се изврши во текот на летниот сушен период оваа година. За оваа постапка во тек е подготовка  на тендерска документација за објава на оглас за избор на фирма која ќе ги изврши овие мерења“, соопштија од РЕК

РЕК „Битола“, најголемиот производител на струја од јаглен во земјава, со години е предмет на критики поради загадувањето и начинот на одлагање на пепелта. Сепак, досега не е утврдена правна одговорност за евентуално загадување на воздухот. Во 2019 година, битолското Обвинителство поднесе обвинение против тогашен директор,  бидејќи  на одлагалиштето  имало околу 50.000 квадратни метри непокриена пепел, но судот донесе ослободителна пресуда, потврдена и од Апелација, поради недостиг на докази.

Емилија Мисирлиевски

снимател Злaтко Јосифовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оваа земја е домот на слободата, порача Трамп во говорот за одбележување на 250 годишнината од основањето на САД

Дејан Дејан

Спасувачките екипи во Венецуела сѐ уште ги пребаруваат урнатините и 10 денови по двата разорни земјотреси

Дејан Дејан

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе