Електричните тротинети – практични и модерни, сè сe поопасни на улиците. Истражување покажува дека само 7 % од возачите ги почитуваат правилата. Останатите 93 % од возачите на електрични тротинети прават сообраќајни прекршоци – покажува најновото истражување на Техничкиот факултет во Битола и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.
Најчести проблеми се пребрзото возење, непочитувањето на правилата и возењето без заштитна опрема. Алармантно е и тоа што тротинети сè почесто управуваат деца помлади од 14 години. Државата ја донесе регулативата, но зошто истата не се почитува?
Кацига, жолт елек, не побрзо од 25 км/ч на велосипедска патека и 6 км/ч на пешачка патека, не двајца на тротинет…
АНКЕТА: Дали треба целосна забрана за електричните тротинети? Да / Не
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
