Ние не го елиминиравме, тој се самоелиминира, рече Изет Меџити, копретседател на Влен и градоначалник на Чаир, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма за статусот на Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади и на Арбен Фетаи, министер за добро владеење и транспарентост и вицепремиер во владата
„Тие треба да објаснат на членството, на јавноста“, рече Меџити.
За Лимани рече дека нема разговарано во последно време, а Фетаи го нема видено на работа во последниот период. За нив двајца и за Таравари, Меџити рече дека имаат „видни заслуги“ во идејата за Влен.
Вицепремиерот Арбен Фетаи, кој е задолжен за добро владение преку слика на социјалната мрежа „Фејсбук“ неодамна се чекира во главниот град на Тајланд, Бангкок и ги потврди шпекулациите кои веќе извесно време кружат во јавноста – дека тој воопшто не се појавува на работното место, во кабинетот на „Илинденска“ број 2.
