Вести Македонија

Опожарените планини Беласица, Огражден и Плачковица ќе се пошумуваат со автохтони садници

Опожарените шуми на планините Беласица, Огражден и Плачковица во струмичко-радовишкиот регион ќе се обновуваат според насоките на Инспекторатот за шумарство и ловство, вели заменик генералниот директор на национални шуми, Кире Михаилов. Тој појаснува дека се направени проценки на површините и соодветно насоките ќе се третира земјиштето акде што имало пожар.

„Ние како институција пристапивме секаде сериозно. На дел од тие поседи каде инспекторатот даде насоки да видиме што ќе се случи ние така постапивме. Имаше приземни пожари, каде што беше зафатена само трева и тие садници ќе опстанат и ќе вегетираат. Каде имаше голем пожар повторно постапувавме по насоки на Инспекторатот за шумарство и ловство“, вели Кире Михаилов, заменик генерален директор на „Национални шуми“. 

Пошумувањето на овие површини ќе биде со автохтони садници кои ги имало и кои може да опстанат на соодветната почва и надморска височина. Сепак, големите пожари не беа единствените проблеми на овие шуми. Михаилов вели дека се бореле и со многу дрвокрадци.

„Морам да потенцирам дека во моментов на Огражден сè уште има истрага. Се утврди нелегално сечење, дека некои површини се опустошени. После сето  тоа ќе следува фазата пошумување“, додава Михаилов.

На планината Огражден пролетва веќе се пошумуваше. Дел од површината беше онаа зафатена со огнената стихија од пред две години, додека дел бил природна голина. Таму се засадија садници на костен и даб.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бугарско МНР: Наредена е инспекција за да се утврдат сите факти поврзани со обработката на нотата поврзана со Мицкоски

Дејан Дејан

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе