Вести Најважни Свет

Знаеле Американците, но не и Ирачаните – Израел изградил тајна воена база во пустина во Ирак, објави „Волстрит журнал“

Израел изградил тајна воена база во пустина во западниот дел на Ирак пред почетокот на војната со Иран и ги нападнал ирачките сили кои за малку ќе ја откриеле, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на информирани извори, вклучувајќи и американски претставници.

Според американскиот весник, тајната база е изградена непосредно пред почетокот на војната во Иран и со знаење на САД. Ја користеле израелските специјални сили и како база за спасувачки екипи во случај израелски авиони да бидат соборени за време на операции над Иран.

„Волстрит џурнал“ наведува дека базата била речиси откриена на почетокот на војната во март, кога локален овчар пријавил невообичаена активност на хеликоптери во областа. Ирачката армија ги испратила своите сили да ги истражат наводите.

Израел наводно ги нападнал Ирачаните од воздух за да ги спречи да стигнат до базата, се вели во текстот. Ирак го осуди нападот во кој еден војник беше убиен, а двајца други беа ранети.

„Волстрит џурнал“ наведува дека базата му помогнала на Израел да започне стотици воздушни напади против Иран за време на неговата воена кампања, што започна на 28 февруари со заеднички напади на САД и Израел врз Иран.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потера по осомничениот бомбаш во Монако, камерите го снимиле како бега кон Франција

Дејан Дејан

Тригодишно дете e извлечено живо од под урнатините шест дена по земјотресите во Венецуела

Дејан Дејан

Клековски во здравство, Велковски во социјала, Стоиљковиќ е предложен за министер за локална самоуправа, а Седат Сулејмани од Вреди оди во култура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе