Вести Свет

Ќе служам, нема да владеам – Петер Маѓар положи заклетва и стана нов премиер на Унгарија

Петер Маѓар положи заклетва и ја презеде функцијата, со што и официјално ја презеде функцијата премиер на Унгарија за крај на 16-годишното владеење на Виктор Орбан. Во инаугуративниот говор, тој вети дека ќе ѝ служи на земјата, а не дека ќе владее со неа. Пред пратениците и јавноста порача дека на Унгарија ѝ треба „помирување, правда и соочување со минатото за нов почеток“. Вети обнова на демократските институции и системите за контрола и рамнотежа на владата

Неговата централно-десничарска партија Тиша оствари убедлива победа на парламентарните избори во април и обезбеди двотретинско мнозинство во унгарскиот парламент.

„Би сакал јасно да кажам овде, во куќата на унгарската демократија и конституционализам дека нема да владеам со Унгарија, туку ќе ѝ служам на мојата татковина. Зборовите на (поранешниот премиер) Јожеф Антал за нас го означуваат моралниот стандард и должноста на оваа служба. „Ќе служам сè додека мојата служба е корисна. Го правам ова најдобро што можам, сè додека сум во можност и унгарската нација го бара тоа“. Не стојам тука, затоа што сум различен од кој било друг во земјата. Не сум. Стојам тука, затоа што милиони Унгарци одлучија дека сакаат промени. И оваа доверба што ја добивме е чест и сериозна морална обврска, но и прекрасно чувство“, порача Маѓар од говорницата во унгарискиот парламент.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мојсовска: Досегашниот модел на проширување на ЕУ е неодржлив, потребен е нов пристап преку „прогресивно набљудување“ и влез во заедничкиот пазар

Дејан Дејан

Кацарска: ЕУ е под притисок да го редефинира проширувањето – Црна Гора и Албанија во фокусот на новите дипломатски иницијативи

Дејан Дејан

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа кај Плетвар во која животот го загуби едно лице – целосно блокиран сообраќајот

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе