Вести Македонија Топ вести

По трагедијата на Ивана и Катја зголемен е бројот на пријави за семејно насилство, но државата не ги подобри услугите

Државата не инвестира доволно во заштита на жените и децата жртви на семејно насилство и надлежните институции треба да знаат дека тоа се нивни законски обврски. Според анализата која ја изработи Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство не се потребни само дополнителни средства, туку и целосно функционален систем достапен и пристапен на национално ниво.

  • Ако сакаме да воспоставиме целосно функционален систем што ќе опфаќа една национална СОС линија, којашто ќе ги опфаќа десетте упатни центри за силување, ќе обезбеди долготрајна психо-социјална поддршка за жртвите од силување ќе обезбеди најмалку 28 засолништа, 19 советувалишта и бесплатна правна помош за жртвите ќе чини на годишно ниво околу 7 милиони еврапроф. д-р Катерина Шапкова – Коцева, Правен факултетЈустинијан Први.

Во моментов недостигаат специјализирани сервиси, што подразбира засолништа (шелтер центри) и таму проблемот е најалармантен. Шелтeри на тајна локација мора да постојат, затоа што секогаш има жени и деца чиј живот е во висок ризик, но тоа не е доволно, вели Димушевска.

  • Но во значајно поголем број треба да бидат шелтрите од отворен тип како што постојат во сите европски земји и во САД. Од отворен тип значи дека жената може да се движи, тоа е всушност услуга за домување, жената може да се движи, може да оди на работа, може да оди на обуки, може да оди на психолог, да ги носи децата, да може да продолжат со нормално функционирање колку што е возможноЕлена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

Според податоците на Министерството за внатрешни работи секојдневно се зголемува бројот на пријави за семејно насилство и тоа особено по самоубиството на Ивана, меѓутоа во исто време државата не презема мерки да ги подобри услугите, смета Чаловска -Димовска .

  • И тоа што се случува впрочем е малку неодговорно, ние да ги охрабруваме жените да ги повикуваме да пријават насилството. Тие навистина се исплашија и почнаа тоа да го прават, а во исто време не се инвестира за да се зголемат услугите, така што можеме буквално да се доведеме во една ситуација жената пријавила, но што потоа?м-р Неда Чаловска -Димовска, адвокатка и експертка за родово засновано насилство. 

Во меѓувреме најавија дека ќе достават претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација бидејќи Министерството за здравство веќе пет години не го воспоставило сервисот за долготрајна психо -социјална поддршка на жртвите на силување каде 90% се жени и покрај тоа што тоа го пишува во Законот за спречување насилство врз жени  уште во 2021 година.

Нина Стефанова

Б.С

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе