Вести Најважни Свет

Трамп тврди дека примирјето со Иран продолжува да важи и покрај инцидентите во Ормускиот теснец

Примирјето меѓу САД и Иран останува на сила, тврди американскиот претседател, Доналд Трамп и покрај инцидентите во водите на Ормускиот теснец, секако со различни верзии за тоа што точно се случило.

Американската војска соопшти дека нејзините поморски сили биле нападнати со ирански ракети, дронови и брзи чамци во теснецот и тие возвратиле со елиминирање на заканите и напади врз „иранските воени објекти одговорни за нападите врз американските сили“. Или според Трамп, се обидоа да не провоцираат, ние ги збришавме, но договорот за прекин на огнот и натаму останува на сила.

 „Денес нè предизвикаа. Ние ги збришавме. Нè потценија. Јас тоа го нарекувам ситница. Ќе ви кажам кога нема да има прекин на огнот. Нема ни да треба да знаете. Ако нема прекин на огнот, нема да треба ни да знаете. Само ќе видите еден голем сјај што ќе доаѓа од Иран. И подобро е брзо да го потпишат договорот“ – изјави претседателот Трамп.

Според иранската страна, американските сили нападнале ирански нафтен танкер во крајбрежните води и уште еден брод во близина на пристаништето Фуџеира во ОАЕ, а американските проектили бомбардирале и цивилни региони во јужен Иран. Ескалацијата доаѓа само еден ден откако иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека го разгледува американскиот предлог за завршување на војната.

Трамп тврди дека сѐ уште постојат шанси за постигнување мировен договор со Иран, додавајќи дека властите во Техеран се многу позаинтересирани од него за тој договор.

Како дополнителен знак за кревкоста на прекинот на огнот, Министерството за одбрана на ОАЕ соопшти дека нивната противвоздушна одбрана „активно се справува“ со напад со ракети и дронови од Иран.

Зголемувањето на тензиите доаѓа и покрај тоа што Трамп последниве денови тврдеше дека војната во Иран „брзо ќе заврши“.

Од Иран доаѓаат контрадикторни информации. Од една страна, американскиот меморандум од 14 точки официјално се разгледува, додека портпаролот на иранската парламентарна комисија за национална безбедност и надворешна политика соопшти дека тој план повеќе наликува на листа на желби.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оваа земја е домот на слободата, порача Трамп во говорот за одбележување на 250 годишнината од основањето на САД

Дејан Дејан

Спасувачките екипи во Венецуела сѐ уште ги пребаруваат урнатините и 10 денови по двата разорни земјотреси

Дејан Дејан

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе