Вести Македонија Најважни

Условни осуди за тројцата полицајци поврзани со контролите на „Пулс“

Условни осуди за тројцата полицајци Кире Богатинов, Горан Лазаров, Александар Темелков  поврзани со контролите на кочанската дискотека „Пулс“. Тие беа обвинети за злоупотреба на службена положба и овластување. Кире Богатинов и Горан Лазаров добија условна казна од една година која нема да се изврши доколку не направат кривично дело во рок од три години.

Богатинов и Лазаров кога извршиле две контроли на „Пулс“ ја навеле блокирната фирма Класик ДМ, наместо онаа која што раководела со дискотеката ММММ Кафе и не го идентификувале нејзиниот сопственик.

  • „Судот утврди дека обвинетите спротивно на овие јасно пропишани обврски, иако констатирале прекршок тие не утврдиле кое правно лице ја врши дејноста, ниту кој е одговорното лице во тоа правно лице, бидејќи не зивршиле увид во соодветна документација. И покрај тоа во записниците внеле податоци што не произлегуваат од официјален документ повикувајќи се на општо познат факт дека лицето Дејан Јованов е сопственик на дискотеката,“, рече судијката.

Нивниот колега командирот Александар Темелков, пак, доби условна казна од две години која нема да се изврши доколку во рок од четири години не изврши друго кривично дело.

Тој иако знаел дека ММММ Кафе раководи со дискотеката, во прекршокот ја навел блокираната фирма.

  • „Но, и покрај тоа обвинетиот Александар одобрил поведување на постапка против правен субјект кој во момент на контролата не ја вршел дејноста, односно барањата не се поднесени против правното лице ДПТУ ММММ Кафе ДООЕЛ Кочани и одговорното лице Митко Стојанов“, посочи судијката.

Судот ценеше дека нивните дејствија не се само формален пропуст и покрај тоа што констатирале прекршок дека при контролите во дискотеката имало малолетници.

  • „Судот оцени дека обвинетите своите службени дејности ги извршиле само привидно. Формата била запазена, а суштината изостанала. Формалното постапување што не води кон резултат не претставува извршување на службената должност, туку нејзино неизвршување“, додаде таа.

Обвинетите и нивните адвокати не беа присутни ан зирекување на пресудата, која е прва во врска со случаите поврзани со пожарот во „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени.

Марија Митевска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва ќе се запали фестивалскиот оган – почнуваат Струшките вечери на поезијата

Дејан Дејан

Интерпелацијата за Тошковски пред пратениците

Дејан Дејан

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе