Не би рекол дека владината коалиција се распаѓа, повеќе би рекол дека се распаѓа СДСМ, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашање за коментар на напуштањето на пратеникот од ЗНАМ, Миле Цеков и неговата одлука во иднина да делува како независен пратеник во собранието.
„Поранешни видни членови на СДСМ, градоначалници актуелни, но и поранешни, излегуваат со жестока критика на раководството на СДСМ. Што се однесува до владината коалиција, таа е стабилна, цврста, ако има потреба има и двотретинско мнозинство во рамки на парламентот. Тоа го покажавме во неколку наврати, ако е потребно ќе го покажеме повторно. Продолжуваме наш фокус да бидат реформите и подобриот живот на граѓаните, а политичкото мочуриште на опозициската СДСМ претставува нивна домашна задача“, изјави Мицкоски.
С.Д.
