Австралија и Јапонија потпишаа голем број билатерални договори вклучително и за енергетска безбедност, одбрана и критични минерали.
Договорите ги потпишаа австралискиот премиер Ентони Албанезе и јапонскиот премиер Санае Такаичи, која е во посета на Канбера.
-Денес, повторно соочувајќи се со енергетски шок и глобална нестабилност, ја потврдуваме силата на нашето посебно стратешко партнерство. Нашето партнерство ни помага да ја обезбедиме енергијата што ни е потребна, ја поткрепува, трговијата и инвестициите што водат до повеќе работни места и ни помага да останеме безбедни во еден понесигурен свет. Иако географијата ги сместува нашите земји на далечниот север и на далечниот југ од Индо-Пацификот, благодарение на решителноста на нашите земји сме биле поблиски. Таа блискост доведе до серија нови договори постигнати денес. Овие договори се во корист на двата наши народа. За Австралијанците, тоа ќе значи дека сме помалку ранливи на глобални шокови како што ги гледаме во моментов поради конфликтот на Блискиот Исток, изјави Албанезе.
