Вести Култура Македонија Топ вести

Уставен: Предмет на оценување не е работата на културните работници, туку Колективниот договор за култура

Уставниот суд, во врска со денешниот протест пред Судот на Синдикатот за култура испрати соопштение поврзано со оценувањето на Колективниот договор за култура и Законот за култура.

  • „Во конкретниот предмет е поведена постапка врз основа на изразен сомнеж за уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура и на член 76-љ од Законот за културата. Станува збор за втора фаза во која ќе се оценува уставност и законитост, конечна одлука за оспорените акти се уште не е донесена“, велат од Уставниот.

Додеаваат дека Уставниот суд го почитува и го штити правото на јавно изразување и протест како темелна демократска вредност.

(Видео) Протест на Синдикатот на културни работници – ни се кратат сите изборени права

  • „Судот апелира до јавноста, внимателно и објективно да ги следи информациите поврзани со овој предмет, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа постапката. Точното информирање е особено важно за да не се создава впечаток дека Судот веќе донел одлука или дека предметот се однесува на вреднување на работата, значењето или примањата на уметниците и културните работници,“ стои во соопштението.

Уставниот суд постапува исклучиво во рамки на своите уставно утврдени надлежности и одлучува по уставно-правни прашања, односно ја оценува усогласеноста на прописите со Уставот.

Од таму ситакнуваат дека предмет на разгледување не е работата, значењето или придонесот на уметниците и културните работници, ниту пак нивниот статус или примања, туку „важно е да се направи јасна разлика: уставно-судската контрола се однесува на актот, а не на културните работници“, велат од Уставниот.

Линк со аргументите од поведената постапка на 9. седница на Уставниот суд: https://ustavensud.mk/archives/38466

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе