Уставниот суд, во врска со денешниот протест пред Судот на Синдикатот за култура испрати соопштение поврзано со оценувањето на Колективниот договор за култура и Законот за култура.
- „Во конкретниот предмет е поведена постапка врз основа на изразен сомнеж за уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура и на член 76-љ од Законот за културата. Станува збор за втора фаза во која ќе се оценува уставност и законитост, конечна одлука за оспорените акти се уште не е донесена“, велат од Уставниот.
Додеаваат дека Уставниот суд го почитува и го штити правото на јавно изразување и протест како темелна демократска вредност.
(Видео) Протест на Синдикатот на културни работници – ни се кратат сите изборени права
- „Судот апелира до јавноста, внимателно и објективно да ги следи информациите поврзани со овој предмет, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа постапката. Точното информирање е особено важно за да не се создава впечаток дека Судот веќе донел одлука или дека предметот се однесува на вреднување на работата, значењето или примањата на уметниците и културните работници,“ стои во соопштението.
Уставниот суд постапува исклучиво во рамки на своите уставно утврдени надлежности и одлучува по уставно-правни прашања, односно ја оценува усогласеноста на прописите со Уставот.
Од таму ситакнуваат дека предмет на разгледување не е работата, значењето или придонесот на уметниците и културните работници, ниту пак нивниот статус или примања, туку „важно е да се направи јасна разлика: уставно-судската контрола се однесува на актот, а не на културните работници“, велат од Уставниот.
Линк со аргументите од поведената постапка на 9. седница на Уставниот суд: https://ustavensud.mk/archives/38466
