Вести Македонија

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Три лица се осомничени дека физички нападнале 36-годишен маж, а потоа против негова волја го однеле и го оставиле во селото Шишево.

„На 12.06.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, Д.Е.(36) пријави дека околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош бил пресретнат од три патнички возила, по што едно лице физички го нападнало и му нанело тешки телесни повреди“, соопштија од МВР.

Според пријавеното, по нападот бил внесен во едно од возилата и однесен на автоплац во Карпош, а подоцна оставен во селото Шишево. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Конзорциум предводен од „Гранит“ ќе го гради автопатот Скопје–Блаце

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе