Името на американскиот претседател Доналд Трамп утринава беше отстрането од Центарот „Кенеди“ во Вашингтон, помалку од шест месеци откако беше поставено.
Името е отстрането по судската одлука дека уметничкиот центар не може да се преименува без одобрение од Конгресот. Управниот одбор на центарот, со кој претседава Трамп, во декември гласаше да го преименува во Меморијален центар за сценски уметности „Доналд Трамп и Џон Кенеди“. Следниот ден работниците почнаа да го поставуваат неговото име на зградата.
Окружен судија пресуди дека само Конгресот има надлежност да го преименува уметничкиот центар. Со неговата наредба беше побарано името на Трамп да биде отстрането од фасадата на зградата, од веб-страницата и од другите материјали на центарот.
Судијата изјави дека нема да ја поништи наредбата додека Федералниот апелациски суд ја преиспитува неговата одлука. Центарот е отворен во 1971 година како споменик на претседателот Џон Кенеди, кој беше убиен во 1963 година. Трамп во одборот на директори назначи свои сојузници откако ја презеде функцијата.
