Вести Македонија Топ вести

Вратени 25 илјади евра во здравствениот буџет од доктори со неправилно пресметани плати

Тројца доктори вратиле 25 илјади евра во буџетот на здравството, откако било утврдено дека им биле неправилно пресметани платите, односно дека примиле повеќе пари од тоа што им следувало. Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, не откри за кои лекари станува збор, но нагласи дека лекарот за кого премиерот посочи дека земал 12 илјади евра месечно не е меѓу нив.

  • Наша континуирана активност се медицинската контрола и финансиската контрола. Ние тие наоди ги комуницираме и со јавните здравствени установи и со Министерството за здравство, Министерството за финансии и со Државниот завод за ревизија со кој имаме одлична соработка. Во три случаи актуелни или поранешни директори ги имаат вратено погрешно пресметаните приходи – Сашо Клековски директор на ФЗОМ.

Системот мора да обезбеди фер вреднување на трудот, но и одговорност за секој денар исплатен од буџетот, додава Клековски.

  • Ќе јавреднуваме работата и платите ќе одат нагоре, меѓутоа од другата страна очекуваме фер однос и од другата страна и да престанат злоупотребите на додатоците. Таа комуникација ја имаме и со јавните здравствени установи и со синдикатите. Постојано ќе го комуницираме тоа за да се придвижиме од една состојба каде што трудот не се вреднувал, па некои луѓе сами си го наплаќале спрема она што сметале дека им следува – Сашо Клековски директор на ФЗОМ.

Претходно и министерот за здравство Азир Алиу, откри дека во јавното здравство има лекари кои земале плати и над 10 илјади евра месечно, а во поединечни случаи и до 700 илјади денари. Министерот не ја исклучува можноста за кривична одговорност.

Како реакција на состојбата, најави воведување систем за евиденција со отпечаток од прст за здравствените работници,  мерка што треба да стави крај на злоупотребите и да се воведе ред во системот.

Симона Петровска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе