Вести Македонија Топ вести

Прифатена спогодбата на Стафа и обвинителството за 15 месеци затвор, поранешниот правобранител префрлен во затворот Шутка

Судот ја прифатил спогодбата меѓу обвинителството и поранешниот државен правобранител Фехми Стафа кој признал вина и правосилно е осуден на затворска казна од 1 година и три месеци за “примање награда за противзаконито влијание” односно земени 50. 000 евра за да влијае врз судија и на неговиот клиент Љупчо Пецов Ѓаволот издејствува укинување на мерка притвор.

Стафа е префрлен од притвор во Куманово во затворот во Шутка за доиздржување на казнага. Пецов-Ѓаволот е осомничен за даночно затајување во случајот Синџир.

Судот покрај соопштението ја објави и спогодбата за признание на вина:

-Во однос на предлог спогодбата, склучена меѓу надлежниот Јавен обвинител и обвинетиот Ф.С., поранешен државен правобранител, обвинет за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од чл.359 ст.7 в.в со ст.2 од КЗ, ја информираме јавноста дека до Основниот кривичен суд Скопје, во текот на вчерашниот ден е доставена предлог спогодба за понатамошно постапување. Судот ја разгледа предлог спогодбата и утврди дека се исполнети Законксите одредби од ЗКП, па заради тоа ја верификување спогодбата, стои во соопштението на Кривичниот суд во Скопје.

Имајќи предвид дека странките немаат право на жалба, одлуката станува правосилна веднаш и осудениот уште во текот на вчерашниот ден  е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Скопје за издржување на изречената казна, соопшти судот.

Поранешниот државен правобранител и адвокат Стафа беше уапсен во декември откако од сестра на негов клиент зел 20 илјади евра. Парите му беа најдени во автомобил, а истрагата соопшти дека тој барал и добил 50 илјади евра за да посредува и да влијае врз апелационен судија.

Предметот во кој требало да изврши влијание за 50 илјади евра е предметот за бегалецот Љупчо Пецов Ѓаволот кој повеќе од две години се криеше во Бугарија и Македонија бидејќи избега пред истрагата во која беше осомничен за даночно затајување од над милион евра.

Поврзано со случајот, но за друго кривично дело има истрага во која е осомничен апелацискиот судија Ѓоко Ристов. Во истрагата, во куќата на родителите на Ристов беа најдени 350 илјади евра заѕидани во ѕид во кујна. На Ристов му беше определен домашен притвор, а се уште трае истрагата за случајот и за поврзаноста на Ристов со предметот во кој вина призна Стафа.

Миомир Серафиновиќ

Притворениот адвокат и екс правобранител Фехми Стафа признал вина за тоа што барал 50 илјади евра од Пецов Ѓаволот за да посредува кај апелационен судија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе