Вести Свет Топ вести

(Видео) Иран објави ВИ видео на кое Исус му удира шлаканица на Трамп

Амбасадата на Иран во Таџикистан објави ВИ видео на кое Исус му удира шлаканица на американскиот претседател Доналд Трамп.

Потегот на амбасадата е одговор ВИ фотографијата на Трамп од пред неколку денови на неговата платформа Трут Сошл. Трамп на фотографија е претставен како Исус кој лекува човек во болнички кревет. По жестоките критики во јавноста, американскиот претседател ја избриша фотографијата, правдајќи се дека „мислел оти изгледа како доктор на неа“.

Ситуацијата ја искористи амбасадата на Иран во Таџикистан, правејќи своја верзија од фотографијата. Во ВИ видео, кое на Икс собра над 100.000 лајкови, Исус се спушта од небото и му удира шлаканица на Трамп, по што почнува да тече крв од главата на Трамп, а тој паѓа кон пеколот, викајќи „Нееееее…..“.

 

Откако беше критикуван заради богохулие – Трамп сподели фотографија создадена со вештачка интелигенција, на која тој е во прегратка со Исус

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе