Вести Свет Топ вести

Зеленски се надева дека Трамп нема да ја укине поддршката за Украина

Украинскиот претседател  Володимир Зеленски се надева дека САД ги разбираат последиците од потенцијалното запирање на одбранбените пакети за Украина во услови на продолжен конфликт на Блискиот Исток.

Водечките партнери Германија, Холандија, Нордиските земји веќе највија дека ќе продолжат да се залагаат овие пакети да бидат соодветни за украинските потреби.

Се надевам дека американскиот претседател ги разбира сите тешкотии ако одлучат да престанат или нешто слично. Се надевам дека тој ги разбира – не само тој целиот негов тим ги разбира последиците од таквите одлуки, вели Зеленски.

Со притисокот од војната на Блискиот Исток, ова е предизвик. Но, можам да ви кажам дека ние, заедно со водечките партнери Германија, Холандија, нордиските земји и другите, ќе продолжиме да се залагаме за да ги направиме овие пакети релевантни за потребите на Украина, изјави Јонас Гар Сторе, премиер на Норвешка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе