Украинскиот претседател Володимир Зеленски се надева дека САД ги разбираат последиците од потенцијалното запирање на одбранбените пакети за Украина во услови на продолжен конфликт на Блискиот Исток.
Водечките партнери Германија, Холандија, Нордиските земји веќе највија дека ќе продолжат да се залагаат овие пакети да бидат соодветни за украинските потреби.
–Се надевам дека американскиот претседател ги разбира сите тешкотии ако одлучат да престанат или нешто слично. Се надевам дека тој ги разбира – не само тој целиот негов тим ги разбира последиците од таквите одлуки, вели Зеленски.
–Со притисокот од војната на Блискиот Исток, ова е предизвик. Но, можам да ви кажам дека ние, заедно со водечките партнери Германија, Холандија, нордиските земји и другите, ќе продолжиме да се залагаме за да ги направиме овие пакети релевантни за потребите на Украина, изјави Јонас Гар Сторе, премиер на Норвешка.
