Вести Македонија Топ вести

(Видео) Јовановиќ во Топ тема: Да се „загребе под површината“ и да се види суштината на проблемот, а тоа е огромната социјална нееднаквост

Економските последици од војната на Блискиот Исток веќе ги менуваат проекциите за македонската економија. Според најновите анализи, се очекува забавување на економскиот раст и задржување на инфлацијата на ниво кое и понатаму ќе го оптоварува стандардот на граѓаните.

Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ во вечерашната Топ Тема открива дека неговиот институт во моментов ги финишира ревидираните макроекономски прогнози за државата. Дури и во најоптимистичкото сценарио, очекувањата се дека македонската економија ќе расте со послабо темпо од првично предвиденото.

  • „Во тоа оптимистичко сценарио, прогнозата е дека Македонија ќе расте околу 2 до 2,5 отсто. Ако претходно сме очекувале 3 до 3,5 отсто, сега очекувањата ги намалуваме за 1 до 1,5 проценти. Инфлацијата, според ова основно сценарио, ќе се движи околу 5 до 6 отсто“, посочува Јовановиќ.

Иако на прв поглед, како што вели тој, овие бројки можеби не делуваат страшно, сепак предупредува дека ризиците се многу поголеми.

Јовановиќ апелира да не се гледаат само начелните статистички бројки за растот, туку да се „загребе под површината“ и да се види суштината на проблемот, а тоа е огромната социјална нееднаквост.

Оспорувајќи ја познатата фраза дека во време на криза „сите сме во ист брод“, аналитичарот преку сликовита метафора објасни како новите економски шокови ќе се одразат врз македонското општество.

  • „Не сме сите во исти бродови. Едни се во големи јахти и оваа криза што доаѓа нема ниту да ги погоди. Другите се во чамци, а некои пливаат сами. Така што, ова цунами што сега го гледаме, многу повеќе ќе ги погоди нив. Тоа е главниот проблем – што не сме сите исти“, заклучува Јовановиќ.

Овие предупредувања доаѓаат во период на зголемена глобална несигурност предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток, кој се заканува да предизвика нови нарушувања на пазарите на енергенси и храна, што дополнително би ги рангирало социјално загрозените категории на граѓани во земјава.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе