Вести Македонија Топ вести

📹Да се внимава со храната по велигденските пости

Да се внимава со изборот на храна по велигденските пости и за време на празникот, советуваат лекарите. Се подготвуваат големи количества на храна кои граѓаните многу често ги конзумираат во текот на повеќе денови, без чување на соодветна температура. Во овој период од годината најчесто се зголемува и бројот на пациенти со цревни инфекции.

– Ова ја зголемува опасноста од контаминација, односно расипување на храната и конзумација на расипана храна. Заради тоа потребно е истата да се подготви на соодветен начин, да се чува во соодветни услови, во соодветни садови. Најдобро е да се конзумира веднаш по подготвувањето, вели д-р Горан Рангелов, Универзитетска клиника за инфективни болести.

При труење со храна најчести симптоми се повраќање, дијареа и зголемена температура која трае повеќе денови. Најважно е да не дојде до дехидрирање и да се конзумираат доволно течности.

За оние кои постат треба да бидат уште повнимателни и постепено да се враќаат кон старата исхрана, за да не дојде до акутни и хронични последици, најчесто воспаление на желудникот, воспаление на панкреасот.  Во изминатите години на Инфективната клиника многу често имало и случаи на труења со јајца и повторно причината била несоодветно чување на истите.

– Па можно е да се конзумираат јајца, иако се термички обработени пациентите долг временски период ги конзумираат, многу по поминување на велигденските празници. Сме имале и случај еден месец по завршување на велигденските празници да конзумираат вакви јајца, вели Рангелов.

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи засилени се вонредните контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство. Со засилен надзор се опфатени маркети, угостителски објекти, специјализирани продавници за јајца, производители и трговци со бои за јајца и нивните увозници, месарници и зелените пазари.

новинар: Нина Стефанова

снимател: Наум Пуленџовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе