Отворање на Ормускиот теснец во замена за привремено примирје е неприфатлива опција за Иран, порача висок ирански претставник, пренесува „Ројтерс“. Според него, Вашингтон не е подготвен за траен прекин на огнот.
Тој потврди дека Иран примил мировни предлози со посредство на Пакистан и оти се разгледуваат во Техеран.
Рамката за прекинување на воените дејствија ја состави Пакистан и бепше пратена на САД и на Иран во текот на ноќта. Извор за „Ројтерс“ споменува пристап од две фази, со непосредно примирје по кое би следувал сеопфатен договор.
Американскиот портал Аксиос објави дека САД, Иран и регионални посредници разговараат за 45-дневен прекин на огнот во рамки на евентуален договор во две фази кој би требал да доведе до траен крај на војната, цитирајќи извори во САД, во Израел и во регионот.
Предлогот предвидува отворање на Ормускиот теснец по што спротивставените страни ќе треба да го финализираат договорот во наредните 15 до 20 дена.
