Вести Свет

Орбан утрово во обиколка на „Турски Тек“: Снабдувањето со гас на Унгарија засега не е загрозено

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој утрово го обиколува почетокот на унгарскиот дел од гасоводот „Турски тек“ во Кишкундорошма, во областа Сегедин, изјави дека ситуацијата е исклучително сериозна и дека засега снабдувањето со гас на Унгарија не е загрозено, но дека треба да се биде многу внимателен.

-Ситуацијата е исклучително сериозна. Претходно разговаравме за нафтата, бевме под блокада. Ќе го надоместиме тоа од друго место, но гасоводот е уште поголема артерија“, рече Орбан на прес-конференција во Кишкундорошма, каде што е зголемена воената заштита на унгарскиот дел од „Турски тек“ , пренесува „Маѓар немзет“.

Тој потсети дека гасоводот веќе бил блокиран претходно, поради што е и изграден „Турски тек“.

-Моментално сме под украинска гасна блокада, но можеме да ја надоместиме загубата од југ. Ако таа папочна врвца се пресече, унгарската економија ќе престане, рече унгарскиот премиер.

Лидерот на ТИСА, Петер Маѓар го повика Орбан да престане да предизвикува паника велејќи дека нема да ги спречи изборите закажани за идниот викенд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Владеачкото мнозинство ги одбива амандманите за Закон за судска служба

Дејан Дејан

Земјоделците да се внимателни кога наводнуваат и користат механизација во близина на далекуводи – последиците можат да се сериозни предупредија од АД Мепсо

Дејан Дејан

Само суд ослободен од надворешни влијанија може да обезбеди правична примена на правото – конференција на Врховни судии од Европа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе