Вести Свет

Ирански дронови погодија нафтени објекти во Кувајт и ОАЕ

Ирански беспилотни летала денеска нападнале повеќе нафтени и енергетски објекти во Кувајт, предизвикувајќи пожари и значителна материјална штета.

Погодени биле капацитети на државната Кувајтска нафтена корпорација, како и комплексот Шуваик, каде се наоѓа Министерството за нафта.

Надлежните служби работат на локализирање на пожарите.

Според кувајтските власти, цел на нападите биле и две електрани и постројка за десoлeнизација на вода, при што е предизвикана дополнителна штета врз енергетската инфраструктура.

Засега нема информации за жртви, но штетите врз производствените капацитети се оценуваат како значајни.

Во Обединетите Арапски Емирати, пак, била погодена петрохемиска фабрика во Абу Даби, што довело до прекин на работата.

Министерството за одбрана на ОАЕ соопшти дека пресретнало повеќе ракети и беспилотни летала.

Нападите се дел од поширока ескалација на тензиите во регионот по неодамнешните воени дејствија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Претседателката Сиљановска за судските реформи: Без финансиски средства нема независно судство

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Владеачкото мнозинство ги одбива амандманите за Закон за судска служба

Дејан Дејан

Земјоделците да се внимателни кога наводнуваат и користат механизација во близина на далекуводи – последиците можат да се сериозни предупредија од АД Мепсо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе