Вести Македонија

Еколошки аларм во Гостивар -реката Вардар во неприродна состојба

Неколку часа претпладнево водите на реката Вардар во Гостивар беа во ваква загрижувачка и неприродна состојба. Со часови Вардар течеше со непрепознатлива бела боја и непроѕирност на водата.  Голем број граѓани алармираа за оваа појава која не се случува прв пат. Ваква слична состојба имаше и во октомври 2025 година.

И од Општина Гостивар информираа дека утрово, загрижени граѓани доставиле фотографски материјали кои укажуваат на загадување на реката Вардар.  По овие пријави, испратените се инспектори на терен за да се утврди ситуацијата и да се провери дали нарушувањето на водите во реката Вардар е предизивикано поради човечка активност или природен феномен.

Општина Гостивар, односно инспекциските служби, преземаат мерки за утврдување на состојбата, со цел заштита на нашето најголемо заедничко богатство – реката Вардар. Реката Вардар е симбол на нашиот град и заедничка вредност што ни припаѓа на сите. Нема да дозволиме нејзино загадување и деградација од ничија неодговорност. Секое прекршување ќе биде санкционирано без компромис“, соопшти Служба за информирање при Општина Гостивар.

Минатата 2025 година во Вардар се забележаа и друг вид проблеми. Во септември течението на реката низ Гостивар се соочи и со критично намален водостој рамно на пресушување. Во август и во октомври во тетовските села каде минува Вардар забележани илјадници пластични шишиња кои со часови пловеа по течението.

Државниот инспекторат за животна средина лани по овие ситуаци и еколошки инциденти најави измени на Законот за инспекциски надзор во животната средина. Целта е воспоставување на единствен систем на инспекциски надзор што ќе овозможи поефикасна и поефективна контрола.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кацарска во Топ Тема: Ставот кон проширувањето е променет поради влијанието и трошоците од војната во Украина

Дејан Дејан

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа кај Плетвар во која животот го загуби едно лице – целосно блокиран сообраќајот

Igor Trajkov

Бугарско МНР: Наредена е инспекција за да се утврдат сите факти поврзани со обработката на нотата поврзана со Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе