Вести Македонија Најважни Свет

Европските лидери повикаа на отворање на Ормутскиот Теснец и прекин на нападите врз енергетската инфраструктура

На повторно отворање на Ормутскиот Теснец  и мораториум на нападите врз водоводната и енергетската инфраструктура на Блискиот Исток повикаа лидерите на ЕУ за време на нивниот состанок во Брисел синоќа, на кој разговараа и за зголемувањето на цените на енергијата предизвикани од војната, објавија светските агенции.

Европскиот совет упати заеднички повик за стабилизација на снабдувањето со енергија и „деескалација и максимална воздржаност“ од страна на завојуваните страни.

„Европскиот совет го осудува губењето на цивилни животи и внимателно го следи долгорочното влијание на воените дејствија, вклучително и врз економската стабилност“, се вели во соопштението.

Лидерите, исто така, го повикаа Иран да прекине да ги напаѓа своите соседи и се заложија за меѓународна соработка за спречување на големи бегалски кризи на Блискиот Исток. Во нивната изјава, европските лидери ги поздравија „засилените напори објавени од земјите-членки, вклучително и преку засилена координација со партнерите во регионот, за да се обезбеди слобода на пловидбата во Ормутскиот Теснец откако ќе се исполнат условите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе