Вести Економија Македонија Најважни

(видео)Премиерот Мицкоски не гледа потреба за прогласување кризна состојба

Во однос на порастот на цените на горивата премиерот Мицкоски вели дека не гледа потреба за прогласување кризна состојба.

Според него голем е притисокот врз бензинските во пограницните места и Македонија има најевтино гориво и понатаму.

  • Фактот е дека како држава имаме убедливо најниска цена на нафтата. И тоа во моментот можеби е добро од еден аспект, но од друг аспект во делот по граничните општини и посебно бензинските пумпи во пограничните општини. Се создава притисок кон соседството. И голем број од граѓаните од соседството доаѓаат и точат дизел гориво посебно. И затоа се случува на некои бензински побргу од тоа што е очекувано снема гориво. Но тоа брзо се надоместува. Државниот пазарен инспекторат е континуирано на терен нема прекини во снабдувањето. Но ако се има предвид еве да речеме ако е крај после нивелирањето на цената вчера од страна на регулаторната комисија за енергетика, дизел горивото е 1,39 евро центи. Очекуваме притисок и периодов кој што следи, но имаме доволно количини и разговараме со дистрибутерите и со компаниите кои што ги снабдуваат граѓаните и македонската економија со нафта и нафтени деривати во моментов нема опасности од било каков недостаток. Во моментот не гледаме потреба од прогласување на кризна состојба, токму поради овие аргументи за кои што веќе зборев- изјави Христијан Мицкоски.

Тој најави дека утре средба ќе имаат претставниците на маркети и дистрибутери за да не падне товарот врз граѓаните.

Мицкоски е задоволен од базичната инфлација и оцекува да се движи од 2-3 проценти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

КОД: Кој се кити со македонското злато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе