Во однос на порастот на цените на горивата премиерот Мицкоски вели дека не гледа потреба за прогласување кризна состојба.
Според него голем е притисокот врз бензинските во пограницните места и Македонија има најевтино гориво и понатаму.
- Фактот е дека како држава имаме убедливо најниска цена на нафтата. И тоа во моментот можеби е добро од еден аспект, но од друг аспект во делот по граничните општини и посебно бензинските пумпи во пограничните општини. Се создава притисок кон соседството. И голем број од граѓаните од соседството доаѓаат и точат дизел гориво посебно. И затоа се случува на некои бензински побргу од тоа што е очекувано снема гориво. Но тоа брзо се надоместува. Државниот пазарен инспекторат е континуирано на терен нема прекини во снабдувањето. Но ако се има предвид еве да речеме ако е крај после нивелирањето на цената вчера од страна на регулаторната комисија за енергетика, дизел горивото е 1,39 евро центи. Очекуваме притисок и периодов кој што следи, но имаме доволно количини и разговараме со дистрибутерите и со компаниите кои што ги снабдуваат граѓаните и македонската економија со нафта и нафтени деривати во моментов нема опасности од било каков недостаток. Во моментот не гледаме потреба од прогласување на кризна состојба, токму поради овие аргументи за кои што веќе зборев- изјави Христијан Мицкоски.
Тој најави дека утре средба ќе имаат претставниците на маркети и дистрибутери за да не падне товарот врз граѓаните.
Мицкоски е задоволен од базичната инфлација и оцекува да се движи од 2-3 проценти.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
