Вести Култура

Концерт на Националниот џез-оркестар под диригентство на светски реномираниот Мајк Холобер

Еден од најреномираните современи џез-композитори и диригенти, Мајк Холобер (Mike Holober), на 18 март ќе настапи со Националниот џез-оркестар претставувајќи го својот најнов и исклучително значаен проект This Rock We’re On: Imaginary Letters. Концертот ќе се одржи во Национална опера и балет со почеток во 20 часот под диригентство на авторот.

Како што соопштуваат од Националниот џез-оркестар, Мајк Холобер е препознатлив по својата виртуозност, изразената оркестарска визија и длабоката музичка чувствителност. Неговиот проект е оценет како „монументално ремек-дело“ и „мајсторска лекција по композиција за џез-оркестар“. Во ова дело Холобер создава впечатлив спој на два музички света вметнувајќи ја суптилната естетика на современата класична музика нагласена преку интимната камерна звучност на виолончелото, пијаното, вибрафонот и вокалот, во моќната и динамична енергија на Биг бендот.

  • Делото претставува длабока уметничка рефлексија за убавината на природата и судбината на планетата. Конципирано е како циклус од таканаречени замислени писма посветени на писатели, уметници и активисти, кои својот живот го поминале во восхит и грижа за планетата. Секое писмо е проследено со инструментална оркестарска интерпретација, што ја продлабочува и музички ја отсликува неговата содржина и поетска димензија – се наведува во најавата за концертот.

Гости солисти на концертот ќе бидат Андријана Јаневска (вокал), Кирил Јосифов (виолончело) и Влатко Нушев (вибрафон и перкусии).

Овој концерт претставува исклучителна можност за непосредна средба со едно од најзначајните современи остварувања за џез-оркестар, во изведба на Националниот џез-оркестар и под диригенство на Мајк Холобер.

Билетите може однапред да се резервираат на: [email protected], информираат од Националниот џез-оркестар.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Хазарос Сурмејан, балетски уметник и кореограф

Дејан Дејан

Банките во судир со Славески и Кочоска заради новите банкарски ценовници

Дејан Дејан

Одбраната на Богоев поднесе жалба – притворот е непотребен велат кривичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе