Вести Македонија Најважни

Koстадиновска: Почувствував топлина, па избувна пламен – сведочење за пожарот во „Пулс“

Со нови сведочења денеска продолжи судскиот процес за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 млади беа повредени.

Пред судот емотивно сведочеше придружниот вокал на групата ДНК, Ана Костадиновска, која бендот го нарече свое „второ семејство“. Кобната ноќ ја опиша како „хорор филм“.

Таа раскажа дека бендот пристигнал околу 22 часот на генерална проба. Прскалки имало поставено и претходно кога настапувале во дискотеката и, како што рече, никогаш немало проблем. Но, за време на изведбата на песната „Што сака нека биде“, почувствувала силна топлина, по што избувнал пламен.

„Панчо ги повика сите да излезат“, сведочеше Костадиновска. Во обид да се спасат, забележала врата под бината, но таа била заклучена со катанец, па продолжиле кон главниот излез. Таму настанала гужва и стампедо, при што и самата останала заглавена во толпата.

Раскажа дека во просторот се чувствувал специфичен мирис што, според неа, „ги терал луѓето на спиење“. Описот беше потресен – течност капела врз нејзината кожа и имала чувство како да ја гори некој со цигари. Од пламенот успеало да ја извлече непознато момче, на кое му должи живот.

Сведочењето беше проследено со силни емоции во судницата. Како втор сведок се појави гитаристот Горан Тонев. Во текот на рочиштето, адвокатот Петар Шилегов побара одложување, посочувајќи дека постојат „двојни аршини“ во постапувањето на службениците на МВР и обвинителството. Судот го одби барањето, образложувајќи дека нема законска основа за одлагање.

Обвинителството, предводено од Борче Јанев, инсистира на утврдување лична и институционална одговорност за трагедијата. Одбраната, пак, тврди дека станува збор за системски пропусти, а не за индивидуална вина.

Родителите на настраданите уште еднаш упатија апел за целосна вистина и правда.

Од судот известува репортерката Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

(видео)Две млади срнички пресретнати на Шар планина – препорака при ваква средба не го допирајте животното

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе