Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Европската Унија да го одобри пакетот заем од 90 милијарди евра (105 милијарди долари) за Украина, кој моментално е блокиран од Унгарија.
-Ова е вистинска финансиска гаранција за нашата безбедност и нашата отпорност и мора да се спроведе, истакна денеска Зеленски во видео обраќање на седницата на Европскиот парламент.
-Им благодарам на сите што работат за да се случи тоа, рече Зеленски.
Во својот говор, Зеленски го повтори својот повик до блокот да одреди конкретен датум за приклучувањето на Украина. Без јасна временска рамка, предупреди тој, рускиот претседател Владимир Путин ќе се обиде да го блокира приклучувањето на Украина во ЕУ „со децении со поделба на ЕУ, со поделба на Европа“.
