Вести Македонија Топ вести

Ревизија на политичките партии за 2024

Државниот завод за ревизија изврши контрола на финансиските извештаи на политичките партии за 2024 година, со ревизија на сметките за редовно работење и усогласеност со законската регулатива.

Кај ВМРО‑ДПМНЕ, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Демократската унија за интеграција, ревизорите изразија мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи.

Главните забелешки се однесуваат на структурата на приходи и расходи, неизмирени обврски кон добавувачи, неправилно водење на сметководството и уплата на членарина над законскиот лимит… Некои препораки од минатите ревизии се уште се во процес на спроведување, поради судски постапки или нерешен сопственички статус на имот.

Државниот завод за ревизија повторно апелира до надлежните органи за подобрување на законската регулатива, вклучително појасни правила за финансирање на изборни кампањи, евиденција на членарини и сметководство на непрофитни организации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Две млади срнички пресретнати на Шар планина – препорака при ваква средба не го допирајте животното

Дејан Дејан

Како ќе изгледа реконстрираниот владин кабинет – смени во поголем дел од министерствата

Дејан Дејан

Како што носите телефон со вас, земете и шише со вода – од Брзата помош со препораки до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе