Две угинати ретки птици мршојадци биле пронајдени во Кавадаречко и дадени се на обдукција за утврдување на причините за смртта, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес.
„Вчера во 11:25 часот во ОВР Кавадарци, претставник од Македонско еколошко друштво пријавил дека во атар на село Гарниково, кавадаречко, биле пронајдени угинати две птици, мршојадци, што се заштитен и редок вид. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, а од инспектор за животна средина и претставник од Агенцијата за храна и ветеринарство, во присуство на претставници од Македонско еколошко друштво, птиците се подигнати и пренесени за вршење на обдукција на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје“, појаснија од СВР Велес.
