Вести Најважни Свет

Си-Ен-Ен: Американската војска е подготвена уште викендов да го нападне Иран

Американската војска е подготвена уште викендов да го нападне Иран, иако претседателот на Соединетите Амеерикански Држави (САД) Доналд Трамп сè уште не донел конечна одлука за одобрување на таква акција, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Белата куќа е информирана дека војската би можела да биде подготвена за напад до викендот, по значителното зголемување на воздушните и поморските сили на Блискиот Исток во последните денови.

Сепак, постојат и предупредувања дека Трамп приватно презентирал аргументи за и против воена акција и ги прашал советниците и сојузниците за тоа кој би бил најдобриот тек на дејствување.

Високи претставници за национална безбедност се состанаа во Белата куќа со цел да разговараат за ситуацијата во Иран. Трамп доби дополнителни информации и од специјалниот пратеник Стив Виткоф и од неговиот зет Џаред Кушнер за нивните индиректни разговори со Иран што претходно се одржаа.

Сепак, се уште не е јасно дали Трамп ќе донесе одлука за напад на Иран до викендот.

„Тој поминува многу време размислувајќи за ова“, велат извори за „Си-Ен-Ен“.

Белата куќа: Иран би бил „многу мудар“ доколку постигне договор со САД

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

(видео)Две млади срнички пресретнати на Шар планина – препорака при ваква средба не го допирајте животното

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе