Силниот ветар ја откорнал лимената конструкција од кровот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, соопшти Центарот за управување со кризи. Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции.

За настанот се известени ТППЕ Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и ПС Гевгелија, кои ќе преземат понатамошни мерки согласно своите надлежности.

Силниот ветер синоќа собори повеќе дрва во Скопскиот регион.
Како што информира Центарот за управување со кризи на 6 локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили. За состојбата се известени СВР Скопје и Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, кои преземаат мерки.
Б.С.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
