Вести Македонија Најважни

За ДКСК нема ништо спорно што децата на Беџети имале непријавена градежна фирма

Антикорупциската комисија се премисли. Пратеникот на ДУИ и поранешен градоначалник на Сарај, Блерим Беџети го казни, но откако се жалел на одлуката ДКСК утврди дека не е виновен што не пријавил дека неговите деца имаат градежна фирма. Немал обврска да пријави промена на имотна состојба бидејќи Неговиот 19-годишен син и 21 годишната ќерка не живеат под ист покрив со татко им и по закон не се сметаат за блиско семејство.

Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет откако РСЕ објави дека синот и ќерката на Беџети се сопственик и управител на фирмата Ве Инвест Холдинг.

Основана е на 26 септември 2025 година со седиште близу трговскиот центар Мавровка во Скопје.  И покрај тоа што во централниот регистар е заведена за изградба на станбени и нестанбени згради тој тврдеше дека нема да градат згради.

Во исто време пак финансиската полиција истражувала иу поднесе кривична пријава против Беџети  за фалсификување градежна дозвола за фирма од неговото родно село Глумово.

Тој и други функционери и службеници од Сарај и Град Скопје се сомничат дека издале одобрение за градба за парцела каде немало ДУП.

За синот на Беџети коалицијата ВЛЕН лани објави дека потпишал договор со Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ Скопје за интелектуални услуги и заштита на животната средина за 12.000 евра.

Во тоа време директор на комунална беше од редовите на ДУИ, а градоначалничка Данела Арсовска.

Билјана Николовска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Болница „Демир Хисар“ прибежисте на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

(видео)Две млади срнички пресретнати на Шар планина – препорака при ваква средба не го допирајте животното

Дејан Дејан

Како ќе изгледа реконстрираниот владин кабинет – смени во поголем дел од министерствата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе