Антикорупциската комисија се премисли. Пратеникот на ДУИ и поранешен градоначалник на Сарај, Блерим Беџети го казни, но откако се жалел на одлуката ДКСК утврди дека не е виновен што не пријавил дека неговите деца имаат градежна фирма. Немал обврска да пријави промена на имотна состојба бидејќи Неговиот 19-годишен син и 21 годишната ќерка не живеат под ист покрив со татко им и по закон не се сметаат за блиско семејство.
Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет откако РСЕ објави дека синот и ќерката на Беџети се сопственик и управител на фирмата Ве Инвест Холдинг.
Основана е на 26 септември 2025 година со седиште близу трговскиот центар Мавровка во Скопје. И покрај тоа што во централниот регистар е заведена за изградба на станбени и нестанбени згради тој тврдеше дека нема да градат згради.
Во исто време пак финансиската полиција истражувала иу поднесе кривична пријава против Беџети за фалсификување градежна дозвола за фирма од неговото родно село Глумово.
Тој и други функционери и службеници од Сарај и Град Скопје се сомничат дека издале одобрение за градба за парцела каде немало ДУП.
За синот на Беџети коалицијата ВЛЕН лани објави дека потпишал договор со Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ Скопје за интелектуални услуги и заштита на животната средина за 12.000 евра.
Во тоа време директор на комунална беше од редовите на ДУИ, а градоначалничка Данела Арсовска.
Билјана Николовска
Б.С.
