Вести Економија Македонија Најважни

ССМ ќе ги блокира работодавачите, бара зголемување на платите

Втората од најавените три блокади денеска напладне ќе ја реализира Сојузот на синдикати барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 6.000 денари. По блокирањето на влезовите на македонското Собрание во понеделникот, денеска ќе биде блокирана Стопанската комора во центарот на Скопје.

Блокадата на Комората е поради, како што велат од ССМ, тоа што работодавачите не сакаат да ги зголемат платите на работниците кои барајќи подобра егзистенција бегаат надвор од државава.

– Повторно ќе бидеме 21 претставник на Синдикатот, онолку колку што е потребно во согласност со законскиот минимум за да излеземе на улица и да блокираме. Пред Стопанската комора ќе блокираме газди што ги блокираат работниците 36 години. Газди што одбија до крајот на минатата година да ги зголемат работничките плати и да ја зголемат минималната плата, а кукаат дека квалификуваните работници заминуваат од Македонија и дека не може да ги задржат. Ќе блокираме газди што се исплашија од нападите на Владата и од политичките партии, изјави вчера претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, додавајќи дека секој може да се приклучи на блокадата.

Трендафилов: Децата ми ги објавија за да ме уценуваат, но нема откажување од минимална плата од 600 евра

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Претседателката Сиљановска за судските реформи: Без финансиски средства нема независно судство

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Владеачкото мнозинство ги одбива амандманите за Закон за судска служба

Дејан Дејан

Земјоделците да се внимателни кога наводнуваат и користат механизација во близина на далекуводи – последиците можат да се сериозни предупредија од АД Мепсо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе