Вести Македонија Топ вести

Борбата против корупцијата не е во одржаните прес – конференции, туку во правосилните пресуди и конфискација на незаконски стекнатиот имот, дебата во Топ Тема меѓу Пандовски и Трпеноски

Без напредок во борбата против корупцијата во Македонија констатира последниот глобален извештај на Транспаренси. Отсуство на политичка волја, немање капацитети или двете.

Во Топ Тема дебата со Благоја Пандовски, претседател на „Транспаренси Интернешнл-Македонија“ и Горан Трпеноски, поранешен антикорупционер.

Пандовски појасни дека во рамки на глобалниот просек- злоупотреби на вршители на функции за своја корист и тоа се мисли на специфични функционери поврзани со легислатива и законодавство- судии, МВР и службеници поврзани со легислативата.

Можност за политичка корупција, каде релевантниот период на мерење е од јануари до декември 2024

  • Кога викаме можност за политичка корупција треба да ни биде јасно дека тоа се неколку сегменти и колку корупцијата постои во политиката и колку политичарите одговараат за своите дела пред институциите, истакна Пандовски.

Според Трпеноски корупцијата е насекаде од паркингот до највисоката власт, перцепцијата кај јавноста е дека во Македонија нема политичка волја за борба против корупцијата и со закони и постапки кои се носат само се еродира реалната потреба за борба против корупцијата.

  • Граѓаните мислат дека правосудните органи ги штитат моќните за тоа да се разбие мора да направиме струкрутни и системски промени и намерно политичките партии водени од своите потреби, кои гледаат краткорочно и носат некои закони но на подолг рок тоа им се „удира од глава“, вели поранешниот антикорупционер.

Катастрофалните измени на Кривичниот законик ја убија надежта во правдата, како и случајот со Катица Јанева, истакна Трпеноски, тој рече дека мора да се најдат механизми за да се врати довербата во институциите.

  • Борбата против корупцијата не е во одржаните прес – конференции, туку во правосилните пресуди и конфискација на незаконски стекнатиот имот, дециден е Трпеноски.

Според Пандовски, пак, во една демократска државата во која што оценка на поведението на секој поединец е судството и правосудниот систем но тоа не е правда туку право раздавање. „Кога ќе имаме завршните на овие предмети генералната превенција ќе се зголеми, но се додека останува на ниво на потенцијален скандал или афера не можеме ништо да кажеме,“ истакна тој.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе