ССМ денеска наутро излезе на блокади во обид да го зголеми притисокот и да се избори за што е можно поголемо зголемување на минималната плата од законски предвидените 1.600 денари.

Први на списокот на синдикалците се пратениците во Собранието бидејќи тие една година го блокирале законот за минимална плата и исплатата на додатоци за храна и превоз.

Блокирани се двете улици пред и зад Собранието за да им се оневозможи пристап на пратениците со нивните возила на собранискиот паркинг и во гаражата. Пораката на ССМ е дека пратениците како и работниците треба да патуваат со автобус, но и дека утре народните избраници нема да може да си ги подигнат патните трошоци.

-Добро утро на сите освен на пратениците. Да не може да наплатат патни трошоци како да трошат керозин. Дојдени се пред 9 часот за да не се сретнат со нас гласачите. Платата ќе им се качи и до 20%. Да биде срамот поголем ќе си ги намалат платите за 9 проценти само за работнiците да не дoбојат покаќивање на минималната плата. Жестоко ги бранат своите плати и трошоци, а нема за работниците. Денешниот ден треба да ги засрами сите, најмногу пратениците. Барањето да им се намалат платите за нив било неуставно бидејќи сфатија дека ќе живеат на минималец. Како е уставно да намалат за 9 проценти, а неуставн за 80 проценти? Избегаа кукавички пратениците, изјави утрово Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.
