Вести Економија Македонија Топ вести

УПОЗ и КСС на иста линија со Владата околу зголемувањето на платите

Околу осум илјади вработени во правосудството и управата во април ќе добијат осум проценти покачена плата заедно со околу 1.600 денари колку што ќе се зголеми минималецот како дел од пакетот кој го предложи Владата а кој е прифатлив за двата синдикати, УПОЗ и КСС.

Пактот на Владата вклучува и откажување од Општиот колективен договор и потпишување на индивидуални договори, а за возврат во март оваа и наредните две години вработените ќе добијат по осум проценти повисоки примања или вкупно 24 отсто како и сумата од законското зголемување на минималецот во истиот период.

  • УПОЗ: „Од досега пристигнати изјаснувања, 95% од синдикалните организации се изјаснија дека барањата на Синдикатот на УПОЗ кое е прифатено од страната Владата за зголемување на платите е по поволно и прифатливо. По изјаснување на сите синдикални организации, Синдикатот на УПОЗ во текот на наредната недела, ќе оствари работна средба со претставниците на Владата на која ќе биде договорен опфатот и теркот на колективниот договор“

Премиерот Мицкоски кажа дека ако синдикатите и владата се на иста линија следната недела ќе почнат да се пишуваат индивидуалните договори и почнувајќи од април годинава заклучно со март 2028 година вработените во управата и правосудството ќе ги добијат трите договорени покачувања на платите.

  • „Доколку е се во ред, тогаш во недела би требало конечно да се согласиме, и од понеделник да почне изготвувањето на т.н. темплејт односно примерок како би изгледал тој индивидуален синдикален договор и понатаму нормално тој во различни работни единици ќе се усвојува и врз основа на тоа ќе започне исплатата на платите во април, за мартовска плата оваа година, која би опфатил 8 процентно зголемување на збирот од сегашната плата зголемена за минималната плата што треба да се нивелира. Истото ова би се реплицирало во 2027 година и во 2028 година“ – Христијан Мицкоски.

Од друга страна пак ССМ продолжува со борбата да издејствува што е можно поголемо зголемување на минималецот од законски предвидени 1.600 денари. Идната недела ССМ ќе ги блокира Собранието, работодавачите односно Стопанските Комори како и Владата а поднесоа и предлог до Собранието за намалување на функционерските плати со кратење на коефициентите и воведување на минималната плата како основ за пресметување.

Сè поизвесно е дека функционерите и годинава ќе добијат повисоки плати откако од Владата за Телма одговорија дека годинава усогласувањето на нивните примања ќе биде согласно законите одредби и стандардот имајќи ги предвид економските услови, фискалните можности на државата и потребата од балансиран пристап.

Огнен Чанчаревиќ

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопругата ја удирал со тупаници и со нож се заканувал на мајка му – обвинителството бара насилникот да оди во притвор

Дејан Дејан

Високи се цените во маркeтите – велат граѓаните и очекуваат по горивата да поевтини и храната

Дејан Дејан

Кој е Енди Барнам – фаворит за преземање на премиерската функција во Обединетото Кралство?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе